Најновиот додаток на BenQ линијата за монитори е моделот EW3880R, ултра-широк заоблен модел погоден за домашна забава. Мониторот има звучен систем TreVolo, како и WQHD+ резолуција и ќе понуди одлично кино искуство од удобноста на домот.
Мониторот има 38-инчен IPS закривен (2300R) панел, со брзина на освежување од 60Hz, 3840x1600p резолуција и 4ms G2G одзив. Овие карактеристики го прават EW3880R соодветен за повремен гејминг, стриминг и работа. Типичната осветленост е 1000 нита, контрастот е 1000:1, а 10-битниот панел покрива 95% од DCI-P3 спектарот на бои.
EW3880R ја има BenQ HDRi технологијата во два профила: Cinema HDRi и Game HDRi, кои ги менуваат поставките за бои за да ја направат градацијата посуптилна. Исто така, постои и TÜV Rheinland сертификат за намалување на сината светлина и flicker-free технологија што го намалува заморот на очите. Присутен е и Brightness Intelligence Plus, функција која автоматски ја прилагодува осветленоста и температурата на боите.
Вградениот TreVolo 2.1 систем на звучници ги сместува EW3880R натпросечните монитори во доменот на звукот. Има 2х 3W звучници и 8W сабвуфер. Достапните видео излези вклучуваат 2x HDMI 2.0 портови, DisplayPort 1.4, USB-C порт, 2x USB-A 3.0 портови и 3.5mm приклучок за слушалки.
BenQ не објави информации за цената и достапноста на BenQ EW3880R мониторот.