Хонгконшката компанија „Јашика“ се враќа на пазарот, и тоа со својата нова серија „Ипсилон-35“, кој според најавите и не е само обичен апарат, туку се работи за дигитален хибрид уред што користи и филм.

Сепак, не станува збор за „класичен“ филм, но концептот е сличен. Имено, се користи ролна која има слични својства, но и свои особености. Баш како и филмот, и новиот изум може да биде црно-бел, да има различна чувствителност на светлина. А, сето тоа ќе Ве потсети на оние постари фотоапарати.

Што се однесува до самиот уред, тој има објектив од 35 милиметри со леќа ф/2,8 и екран од 8,128 сантиметри (3,2 инча). Командите се аналогни, а се изгледа ретро.

Не знаеме само дали бројот на сликања со една ролна ќе биде огранчеан на 36.

Цената е 150 долари, а со тоа добивате и четири филмови.