Досега се појавуваа бројни контрадикторни гласини за системот на камери на претстојниот Samsung Galaxy S22 Ultra телефон. Некои тврдеа дека телефонот ќе го користи системот што го има S21 Ultra, додека други споменуваат дека ќе биде опремен со нов сензор од 200MP.
Дојавувачот Ice Universe истакна дека генерално се согласува со првата опција, но додава дека телефонот ќе има подобрена телефото камера. S22 Ultra ќе има два објективи за зумирање со променлива фокусна должина. Првиот ќе нуди 3x, а вториот 10x. Ова се истите бројки што ги има актуелниот Ultra модел, но новите објективи треба да зумираат уште подалеку.
Се очекува и мала надградба за сензорите кои се користат во двете телефото камери. Новиот модел ќе користи два 12MP сензора со 1,22 µm пиксели според наводите на дојавувачот, во споредба со двата сензори од 10MP со иста големина на пиксели. Двете камери ќе имаат оптичка стабилизација на слика (OIS).
Кога станува збор за главната камера, таа ќе биде претежно иста, со мали промени. Тука е и 108MP сензор со 0,8 µm пиксели, a не е познато дали ова ќе биде истиот HM3 сензор што го користи актуелниот Ultra модел или од поновата генерација. Се посочува дека ќе биде имплементиран подобрен OIS. Наводно, ултра-широката камера ќе го задржи 12MP сензор ќе ja задржи оптичката стабилизација.
На крајот, селфи камерата ќе го задржи 40 MP сензор и речиси сигурно нема да биде сместена под дисплејот. Samsung Galaxy S22 серијата се очекува во текот на јануари 2022 година, а попосигурни информации се очекуваат како што се приближува датумот на објава.
Поврзани артикли