Ботовите не мораат нужно да бидат лоша работа. Тие можат да бидат доста корисни бидејќи помагаат да се обезбедат информации во текот на преносот во живо на Twitch, кога креаторот е зафатен. Можат да се користат и за автоматизирање на одредени процеси во Discord chat каналите, како и за идентификување на линкови во објавите на Reddit итн. Меѓутоа, понекогаш имаат лоша репутација бидејќи некои луѓе користат ботови за испраќање несакана пошта, ширење дезинформации и многу повеќе.
Понекогаш може да биде тешко да се утврди дали објавата доаѓа од бот или вистинска личност на социјалните медиуми, а тоа е нешто што Тwitter сака да го адресира. Компанијата најави дека сега ќе почне со тестирање на нова функција во рамките на својата платформа, каде што сметките управувани со ботови ќе бидат идентификувани на нивниот профил.
Објавите на ботови ќе имаат ознака која ги означува како Automated, за да знаат луѓето дека не се објавени од вистинска личност. Способноста да се идентификува дали сметката со која комуницираат е бот или не, ќе им помогне на корисниците да обезбедат дополнителен контекст додека го користат Twitter.
Ова може да помогне и да се зголеми довербата во ботовите, покажувајќи дека не сите автоматизирани содржини се нужно лоша работа. Оваа функција првично ќе биде достапна за над 500 профили на програмери и се очекува да им биде достапна на сите програмери до крајот на годината.