Компанијата Collins Aerospace соопшти дека ѝ е доделена задачата за изградба на систем за одржување на атмосферата и животот во вселената. Се претпоставува дека првите модули ќе бидат поврзани со Меѓународната вселенска станица (МВС).
Се чини дека во вселената се гради уште една вселенска станица. И тоа приватна, а инвеститорот во овој потфат сѐ уште не е познат. Медиумските извештаи се базираат на потврдата од компанијата Collins Aerospace во Шарлот, Северна Каролина, што прави системи за одржување на живот и складирање вода за НАСА, а нивните системи се наоѓаат и на Меѓународната вселенска станица. Сега компанијата доби договор од 2,6 милиони долари од клиент кој исто така гради вселенска станица, но одби да го открие името на клиентот.
Исто така е познато дека Collins Aerospace е подружница на Raytheon Technologies, голема компанија во областа на одбранбената технологија. Тие објавија дека се во процес на градење на системи за контрола на животната средина и животна поддршка, ECLSS, или системи за одржување на атмосферата и животот во вселенското летало. И тој систем би можел да биде подготвен за неколку години за неговата основна функција, да обезбеди услови за живот надвор од атмосферата на Земјата.
Најлогичен одговор на прашањето кој го нарачал овој систем е Axiom Space, приватна вселенска туристичка компанија, која се смета дека е најблиску до постигнување изградба на комерцијална вселенска станица. Оригиналната идеја на Axiom Space беше да се здружи со SpaceX на Елон Маск за да создаде специјален модул за Меѓународната вселенска станица кој ќе биде наменет само за туристите, односно приватните астронаути. Покрај Меѓународната вселенска станица, моментално во орбитата на Земјата е и кинеската станица Tiangong, која беше поставена претходно оваа година и уште се довршува. Кога ќе биде целосно завршена, се пресметува дека ќе има големина на поранешната советска станица Мир. Се очекува уште една станица да се појави во орбитата за неколку години, нова руска станица со која Русите ќе управуваат независно по Мир, која беше затворена во 2001 година. Не е целосно јасно дали системите што ги развива Collins Aerospace се наменети за модул кој би се приклучил кон МВС или се наменети за целосно новата станица која би била приватна. Она што е очигледно, и она што го истакнуваат од оваа американска компанија, е дека расте потребата за такви системи во иднина.
„Добивањето на овој договор ја нагласува посветеноста на Collins Aerospace да работи и со приватниот, и со јавниот сектор во обезбедувањето основа за да можат комерцијалните патници во вселената да живеат, работат и да си играат“, рече Дејв Меклур, потпретседател на Collins Aerospace.
Axiom Space не сакаше да коментира дали е нарачател на овие скапи и софистицирани системи. Засега, идејата за поврзување на модул за приватни астронаути со Меѓународната вселенска станица се реализира, а се очекува тројца туристи и поранешен астронаут кој беше на МВС во капсулата Dragon SpaceX да тргнат во орбита на почетокот на следната година година како дел од континуираните напори за постигнување комерцијален престој во орбитата, односно вистинска верзија на вселенскиот туризам.
За тоа, компанијата со седиште во Хјустон, Тексас успеа да собере 130 милиони долари во февруари за да може да започне со изградба на комерцијален модул за МВС со план за поврзување со станицата во 2024 година. Во иднина, тие се надеваат дека ќе изградат повеќе модули кои потоа би биле исклучени од МВС и ќе создадат своја станица која би била целосно со комерцијална намена. Договорот за градење на првите два модула ја добија Thales Alenia Space, и тие навистина објавија дека роковите за првиот се 2024 година, а за вториот 2025 година. Тие исто така би биле првите приватни модули поврзани со МВС.
Извор: Vecernji List
Поврзани артикли