Иако LG Electronics се повлече од бизнисот со паметни телефони, но и натаму е моќен во секоја друга област. LG Chem сега објави дека развил нов флексибилен материјал за дисплеи кој екранот го прави тврд како стакло, но флексибилен како пластика.
Технологитте кои се користат во овој процес ја подобруваат и издржливоста и силата на било кој флекисбилен панел, како што овие телефони стануваат се подостапни.
Официјалното име на панелот е “Real Folding Window”. На проѕирнниот PET филм, (термопластичен полимер) се нанесуваат посебно развиени материјали за премачкување. Со само неколку микрометри нов материјал од двете страни, производителите на екрани ќе можат да направат тенка плоча отпорна на топлина која личи на пластика и која ќе обезбеди подобра издржливост.
LG Chem тврди дека било кој панел би можел да издржи 200.000 свиткувања и ќе овозможи екрани без набори. Покрај тоа, новиот материјал ќе овозможи и свиткување на екранот и кон надвор и кон внатре.
Новата технологија прво ќе се појави на мобилните телефони, а подоцна ќе се појави на преносните компјутери и таблет уреди.
Поврзани артикли