Apple објави дека ќе одржи настан на 14 септември, наречен „California Streaming“, кој ќе биде однапред снимен како претходните презентации и ќе биде емитуван на различни платформи.
Со оглед на тоа што се работи за септемвриски настан, се верува дека Apple ќе ги претстави iPhone моделите од следната генерација (кои веројатно ќе го носат името iPhone 13). Се очекува дека новата iPhone линија ќе има нов чипсет, подобрени камери и повисока стапка на освежување на Pro моделот.
Покрај тоа, би можеле да видиме ажурирани верзии на Apple Watch паметните часовници. Компанијата може и да го понуди и датумот на објава на сите свои оперативни системи: iOS 15, iPadOS 15, watchOS 8 и macOS Monterey.
Иако постои можност компанијата од Купертино да објави нови Mac модели со унапредени чипови, настаните во септември се претежно резервирани за iPhone и Apple Watch.