Windows 11 ќе пристигне на 5. октомври и ќе донесе многу нови функции, меѓутоа милиони корисници би можеле да имаат проблем доколку го инсталираат. Иако станува збор за најголемото ажурирање на компанијата во последните шест години, предизвика низа контроверзни работи.

Кога беше најавен во јуни, Microsoft рече дека ќе работи само на новите лаптопи и компјутери. Тоа значеше дека милиони корисници се оставени без надоградба, принудени да купат нов компјутер. Со оглед на тоа дека немаше позитивни коментари во јавноста, Microsoft се предомисли.

Софтверскиот гигант сепак ќе им дозволи на корисниците на оперативниот систем Windows 10 да го инсталираат Windows 11 на постарите уреди.

Според The Verge, корисниците на оперативниот систем Windows 10 ќе го инсталираат Windows 11 директно на своите компјутери.

Но, од Microsfot соопштија дека некои корисници нема да можат да ги добијат следните ажурирања или заштита. Ваквата помисла е застрашувачка бидејќи би можела да ги остави компјутерите со недовршен софтвер, отворен за напад на хакери.

Што е потребно за да се префрлите на Windows 11:

  • Процесор од 1 GHz или побрз
  • RAM oд 4 GB
  • 64 GB меморија
  • TPM: Trusted Platform Module со верзија 2.0.

Извор: B92.net