Samsung оваа година почна да нуди оптичка стабилизација на сликата (OIS) на главните камери на своите телефони од Galaxy A серијата, како што се A52 и A72. Следната година ситуацијата ќе биде поинаква.
Според новиот и непотврден извештај од Јужна Кореја, Samsung веројатно ќе додаде OIS поддршка на главните камери на сите модели од А серијата, кои ќе бидат објавени во текот на 2022. година. Оваа карактеристика досега воглавно беше резервирана за премиум телефоните на компанијата.
Доколку Samsung успее да ја оствари оваа замисла, на своите уреди од средниот сегмент ќе има значаен фактор кој смартфоните ги одвојува од конкуренцијата, посебно кога се работи за Xiaomi. Телефоните на кинеската компанија обично имаат предност на полето на цената, но моделите на јужнокорејскиот производител би можеле да добијат подобрување во сегментот на квалитетот на фотографирањето, посебно во ноќни услови.
Извештајот споменува и дека камерата со OIS поддршка е за околу 15 проценти поскапа од камерата без оваа карактеристика, а влијанието на додавање на OIS на листата материјали на телефонот изнесува дополнителни три проценти, така што останува да се види дали оваа надградба ќе влијае и на цената на идните Galaxy A телефони.
Поврзани артикли