Microsoft Surface хардверскиот настан ќе биде одржан на 22. септември, како што компанијата претходно потврди, а сега ги имаме спецификациите на еден од уредите кои би можеле да бидат претставени.
Според наводите, Microsoft Surface Go 3 ќе имплементира 10,5-инчен формат, како неговиот претходник, со куќиште од легура на магнезиум и опционална футрола за тастатура.
Голема промена кај овој модел ќе биде во областа на процесорите, а се сугерираат и Intel Amber Lake Y процесорите од десеттата генерација. Основната Surface Go 3 верзија беше забележана на Geekbench 4 листата минатиот месец, со Pentium Gold 6500Y чип и 4GB RAM меморија.
Поскапиот модел ќе користи Intel Core i3-10100Y SoC со основен такт од 1.3GHz и boost такт од 3.9GHz, во зависност од задачите што се извршуваат. Овој процесор доаѓа со 8GB RAM меморија.
Покрај новите Surface Go 3 модели, се сугерира дека Microsoft ќе претстави и нов Surface лаптоп. Повеќе информации би ожеле да добиеме и за Surface Duo 2, кој се појавуваше во вестите претходните месеци.
Поврзани артикли