Полската градежна фирма „Будимекс“ и рафинеријата направија асфалт што мириса на цвеќе во обидот да ги подобрат работните услови за градежните работници, соопштија од фирмата.
Испарувањата од обичниот асфалт не се штетни за луѓето, но новиот материјал ќе им понуди попријатно работно окружување на работниците кои прават патишта, наведува „Будимекс“ неделава.
Новиот битумен се состои од мешавина од природни и синтетички етерични масла, од кои повеќето го неутрализираат асфалтот, додека преостнатите придонесуваат за поугоден мирис.
„Повремено може да се почувствува мирис на цвеќе, што ја прави работата попријатна“, вели Славомир Цпак, од „Будимекс“.
Од таму информираа дека разгледуваат моженост за поширока употреба на новиот состав.
Поврзани артикли