TCL претстави уште еден телефон со прифатлива цена, со кој компанијата планира да ги покрие сите основни Android потреби на корисниците, по цена од околу 250 долари.
TCL L10 Pro користи 6,22-инчен LCD екран со HD+ резолуција и селфи камера од 5MP сместена во пресек во форма на капка. На задната страна се наоѓа 13MP главна камера, заедно со ултраширок сензор од 5MP и сензор за длабочина од 2MP.
Телефонот работи со Unisoc SC9863A чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 128GB интерна меморија. Уредот ќе се напојува со батерија од 4000mAh.
Оперативниот систем е Android 10, а има и сензор за отпечатоци на задната страна и приклучок за слушалки. TCL L10 Pro е достапен во црна варијанта.