WinFuture објави фотографии и некои детали за претстојниот Nokia G50 5G телефон. Според достапните информации, Nokia G50 5G цели на достапниот пазарен сегмент, но со пристап до 5G мрежите.
Оваа конекција од следната генерација е достапна благодарение на телефонот што се напојува со Snapdragon 480, што е првиот буџетски чипсет на Qualcomm со 5G поддршка. Истиот чипсет се наоѓа во Nokia X10 и X20 телефоните.
Најновиот модел од G серијата ќе задржи 720p+ LCD екран (1560 x 720p), со големина од 6,38 инчи. Нема информации за стапката на освежување. Исто така, сензорот за отпечатоци е видлив од страна на рамката.
Телефонот ќе го напојува батерија од 4850mAh, но не се очекува преголема брзина на полнење. Кога станува збор за камерите, се очекува главен сензор од 48MP, а не се познати резолуциите на другите два сензора.
Nokia G50 5G веќе се појави на листинзите во малопродажба, со цена пониска од моделот X10, кој во моментов е најевтиниот 5G телефон на Nokia. Очекуваната цена е помеѓу 230 и 250 евра, а покрај телефонот, Nokia во многу региони ќе нуди и TWS слушалки.
Поврзани артикли