Кај возрасните е спротивно – системот за рано предупредување е „уловен“ неподготвен, а во тој случај вирусот побрзо се шири
Од претходно се знае дека коронавирусот кај децата најчесто предизвикува благи проблеми, но досега не беше познато зошто e тоа така.
Новото истражување покажало дека детскиот имунолошки систем подобро е подготвен за нападите од коронавирусот од имунолошкиот систем кај возрасните благодарение на клетките во нивниот горен респираторен тракт кои постојано се во состојба на висока подготвеност.
Токму поради тоа детскиот организам во случај на инфекција брзо закрепнува од вирусите, односно пред истиот масовно да се мултиплицира.
Тоа веројатно објаснува и поради што многу помалку е веројатно децата потешко да заболат од Ковид-19 во споредба со возрасните, напишала научничка од берлинскиот и хајделрбершкиот Универзитет во списанието „Nature Biotechnology“.
„Сакавме да дознаеме зошто одбраната од вирусите очигледно е многу подобра кај децата“, изјавила Ирина Леман, водач на Одделението за молекуларна биологија при Берлинскиот здравствен институт.
Во потрага по одговорот научниците зеле клетки од носна слузница од 42 здрави и 44 болни возрасни и деца. Потоа, ја анализирале активноста на одредени гени во некои од клетките.
За брзата борба со вирусот мора да бидат активни т.н. рецептори за препознавање кои иницираат одбрана на организмот, појасниле истражувачите.
И, токму тој систем во клетките од горниот респираторен тракт и во некои клетки од имунолошкиот систем бил многу „побуден“ кај децата отколку кај возрасните.
„Кај возрасните е спротивно – системот за рано предупредување е „уловен“ неподготвен, а во тој случај вирусот побрзо се шири“.
„И од оваа студија заклучивме дека не постојат само ризик фактори за Ковид-19 туку и фактори за заштита“, изјавила Леман.
Извор: Zimo.hr