Fossil ја објави својата Gen 5 линија паметни часовници во 2019 година, а компанијата ќе ја претстави Gen 6 серијата на 30 август. Компанијата на својот сајт постави промотивна станица, за да го навести паметниот часовник Gen 6.
Детали за карактеристиките на часовникот не се објавени, но гласините од претходно сугерираат дека ќе биде достапен во големини од 42мм и 44мм, ќе има Snapdragon 4100+ чипсет и 1,28 инчен OLED екран со Always-On функција.
Повеќето модели ќе бидат отпорни на вода на длабочина до 50 метри и ќе нудат работа до 24 часа со едно полнење на батеријата, која може да се наполни од 0-80% за 30 минути.
Fossil Gen 6 ќе има бројач на чекори, следење на отчукувањата на срцето, SpO2 мерење на кислород во крвта и вграден GPS. Ќе работи под Google Wear OS платформата од самиот старт.
Се очекува дека Fossil Gen 6 паметните часовници ќе имаат цена помеѓу 300 и 330 евра, а во продажба ќе се најдат од 27 септември.