ViewSonic претстави нов монитор, под името VX3220-4K-Pro. Станува збор за монитор со 31,5-инчен екран, кој нуди брзина на освежување од 150Hz, користејќи го режимот за оверклокување во однос на она што го нуди конкуренцијата (144Hz).
Со 4K IPS панел, 8-бит+ FRC длабочина на боја, VRR поддршка и HDMI 2.1 (2x портови) и DisplayPort 1.4 (2x порта) конекција, овој монитор ветува моќни гејминг перформанси.
ViewSonic VX3220-4K-Pro има 1ms G2G одзив, HDR 400 (затоа не се очекува премиум HDR поддршка), агли на гледање од 178 степени, како и 100% покриеност за RGB и 83 проценти за Adobe RGB спектарот на бои.
Во овој момент, ViewSonic не објави детали за цената и достапноста на VX3220-4K-Pro мониторот, а повеќе информации за уредот се достапни на веб-страницата на компанијата во Кина.
Поврзани артикли