Постои лесно достапна веб-страница каде што можете да видите што Google знае за вас.
Кога ги користите услугите на компанијата Google – не само пребарувачот, туку и другите сервиси како што е Gmail – компанијата собира информации за вас, со цел да ви даде поточни и порелевантни реклами за разни производи.
Сепак, овие исти информации можат да ги видат и корисниците, па ако сакате можете да го исклучите следењето ставки.
Kорисникot на TikTok, Триш Кабоб објави видео во кое ја презентира оваа страница, каде што можете да ги видите сите тие информации, коментирајќи како „мисли дека никој не разбира колку Google всушност е инвазивен“.
Како што можете да видите на линкот, некои работи и не се баш точни, како гардеробата, која не се однесува само на вас, туку на кој знае колкав број луѓе, пренесува Independent.
Некои други податоци, и тоа оние личните, се застрашувачки добро обработени. Посебно вреди да се обрне внимание на специфичните демографски факти – како што се нивото на образование, полот, занимањето и возраста – сето тоа Google воглавно го погодува „како од шега“.
Повеќето големи интернет-компании имаат некоја верзија на ваквиот преглед на податоци, што ги собрале за вас и кои им ги продаваат на огласувачите.
На пример, на Facebook можете да отидете на страницата „Your Information“ и да ги пронајдете „ads and businesses“, каде што ќе можете да видите не само што Facebook мисли дека ве интересира, туку и компаниите на кои им ги дал вашите податоци, па дури и телефонските броеви.
Поврзани артикли