Научник од американската агенција НАСА, Џош Вилис оваа седмица летал над Гренланд и го набљудувал овој поларен свет со стопен мраз и темни базени со вода.
Во средината на август топлотниот бран зафати големи делови од светот како и од ледените плочи на Гренланд кој по површина е три пати поголем од Тексас. Тоа е видлив знак за промената на времето и климата. Во изминатите децении, научниците го набљудувале рекордното топење на Гренланд, кое резултирало со влевање на водата во морето и зголемувањето на нивото. Досега во 2021 година површината на стопеното подрачје е значајно поголемо од просекот забележан помеѓу 1981 и 2010 година, за околу 2,6 милиони километри.
Вилис рекол дека топењето на мразот на Гренлад е сѐ поекстремно со секоја нова деценија и тоа поради човечкиот фактор.
Научниците утврдиле дека во Гренланд во последните неколку децении мразот се топи многу побрзо отколку во последните најмалку 350 години. Ледената плоча се намалува.
Додека климата се загрева, топлотните бранови се сѐ поекстремни па топењето стана почест настан. Ова лето неколку сериозни топлотни бранови го зафатија Гренланд, а на врвот односно на висина од 3.216 метри врнело дожд. Научниците никогаш досега не успеала да го набљудуваат дождот на таа локација.
There's currently a lot of blue ice and melt water ponds on the SW #Greenland ice sheet. These bright snow and ice patterns look beautiful in satellite images but they tell the same story as the dark areas scorched by giant wildfires in California or Siberia. #ClimateActionNow pic.twitter.com/dEBGvtPS7N
— Simon Gascoin (@sgascoin) August 23, 2021
Пред 1995 година поминувал векови помеѓу моментите на топење на мразот, а докази за тоа крие езерото со праисториски мраз на Гренланд. Сега тоа се случува по неколку пати во последните децении.
Lots of meltwater on the #Greenland ice sheet at 1800 m these days. Big melt event. Usually it’s mostly white here this time of year. @PromiceGL https://t.co/VIBon1UV1D pic.twitter.com/HF7EbMYkt5
— Dirk van As (@DirkvanAs) August 20, 2021
Фотографиите направени од авионот го прикажуваат југозападниот дел на Гренланд. Темните сини површини се базените со вода, додека светлите површини се со снег заситен со вода. Ова топење обично резултира со спуштање на водата во реките кон океаните.