Дизајнерот Ленс Бар, кој ги дизајнираше конзолите NES и SNES, го напушти Nintendo по 38 години и осум месеци.
Иако релативно малкумина го знаеја неговото име, Бар сепак одигра клучна улога во прифаќањето на Nintendo на пазарот и заживување на индустријата за видео игри во САД.
Бар стана дел од компанијата Nintendo во декември 1982 година и тоа првично со скратено работно време. Неговиот најголем допринос го даде при дизајнирањето на NES конзолата. Неговата идеја беше да направи конзолата да изгледа како да се вклопува со стерео системите, а во тоа се вклопува и неговиот слот за кертриџ, односно дискетите за игрици. Слот има врата што ја прави конзолата да личи на видеорекордер.
Воедно, тој работеше и на додатоци за NES конзолата, како што е пиштолот Zapper и зголемениот контролер NES Max. Покрај тоа, придонесе и за дизајнот на конзолата Nintendo Wii и легендарниот контролер Nunchuck.
Може да се каже дека Бар го обликуваше целокупниот дизајн на хардверот на Nintendo, а неговото заминување го означува крајот на една долга и важна ера.