OnlyFans се откажа од плановите за забрана на порнографски содржини само една недела откако ја објавија забраната.

Денеска компанијата соопшти дека „обезбедила се што е потребно за поддршка на различните креатори на содржини во заедницата“, што може да значи дека постигнале нов договор со банкарските партнери и давателите на исплати.

„Ви благодариме на сите што се потрудивте да ги слушнете. Обезбедивме се` што е потребно за поддршка на различните креатори на содржини во заедницата и ја повлекуваме промената на правилата што требаше да започне на 1 октомври. Ќе продолжиме да обезбедуваме место за сите креатори “, стои во нивната официјална објава на Твитер.

Според Variety, портпаролот на OnlyFans не сакал да открие со кои банкарски партнери постигнале или го обновиле договорот.

„Промените што требаше да се случат на 1 октомври повеќе не се потребни поради банкарските партнери и OnlyFans ќе ги поддржува креаторите на содржини од сите жанрови“, вњелат од компанијата.

Основачот и извршен директор на OnlyFans, Тим Стокли ги обвини банките за забрана на порнографски содржини, со што се укинал можноста за плаќање на креаторите, а притисокот врз компанијата да го реши овој проблем што е можно поскоро, го направија бројните лути сексуални работници за кои ова беше извор на приход , додека некои се префрлија на други платформи.

OnlyFans е основана во 2016 година и во моментов има 120 милиони регистрирани корисници и над два милиони креатори на содржини.