Xiaomi одлучи да го укине својот препознатлив бренд Mi и на 15 септември да претстави нешто сосема ново.
Од компанијата одлучија да го укинат називот Mi и компанијата сметаат дека ова нема да влијае на нивната моментална ситуација. Сакаат да направат подобра шема на името и да ги одвојат паметните телефони од остатокот на понудата бидејќи компанијата е активна и расте и во останатите сегменти.
Кога го претставија новиот смартфон Mix 4, најавија дека називот Mi нема да биде дел од наредната серија.
Што се однесува на називот, ќе останат Xiaomi, Redmi и Pocophone, па многумина се прашуваат што ќе претстават на 15 септември.
Се зборува дека ќе ја претстават серијата Xiaomi 11T, новите Redmi уреди и уште неколку новитети.
Едно е сигурно – веќе нема да постои брендот Mi и Xiaomi ќе треба да го смени логото.
Како што се наведува, Mi ќе биде новото име на компанијата, а Xiaomi ќе биде серија на смартфони.
Поврзани артикли