И покрај оскудниот избор на материјали и недостатокот на финансиски средства, еден млад човек од Гана успеал да направи функционален мотоцикл на соларна енергија – од дрвени остатоци кои инаку би се користеле за потпалување
Во случајот, знаењето и вештините биле пресудни за успешен проект, а тинејџерот по име Семјуел брзо се стекнува со популарност на Интернет. Без ничија помош, дизајнирал и направил дрвено возило на две тркала, кое покрај соларните панели, има и светла, ѕвонче, па дури и музика. Прво го забележал случаен минувач на улица, а видеото што го снимил по тој повод набрзо станува вирално
Пред неколку дена беше објавен краток документарен филм за него од страна на активистот Ефо Салеси, кој повикува таквите лица да не се игнорираат, туку да им се обезбеди средства за образование и напредување во кариерата.
Самуел објаснува дека на почетокот сакал да направи електричен автомобил, но финансиските можности не дозволувале, па целото внимание го свртел кон електричен мотоцикл. Искористил 20 батерии за мобилни телефони, а моторот го извадил од машината за шиење на неговата мајка. Овој амбициозен млад човек вели дека понекогаш ги користел парите наменети за храна за да купи делови за неговиот проект, но не и потребните алатки, па затоа бил често принудуван дрвото да го сече со нож.
Иако има само седумнаесет години, Семјуел со овој „проект“ покажува исклучително ниво на еколошка свест. Наведува дека се одлучил за сончева енергија бидејќи загадувањето е голем проблем што предизвикува многу болести. Дрвениот двоцикл може да се полни и со соларна енергија и со полнач за батерии, а Семјуел наведува дека батерискиот систем може да издржи и до една недела.
Извор: Додај Гас