Новата категорија производи на Realme ја сочинува лаптопот Realme Book (Book Slim на некои пазари), кој е првиот лаптоп на овој бренд, како и целата групација BBK Electronics.
Станува збор за хармоничен, 14-инчен ултрабук со Intel Core процесори од 11-та генерација, Windows 10 и батерија која трае до 11 часа со едно полнење. Лаптопот го краси премиум изработка од метал и доаѓа во сина и сива боја.
Дисплејот има 2160 x 1440p резолуција и 3:2 однос на страници, а имплементира Corning Gorilla Glass заштита. Максималната осветленост на екранот е 400 нита.
За перформансите се задолжени процесорите Intel Core i3 и Core i5 од 11. генерација, заедно со Iris XE интегрираните графички карти. Realme имплементираше и решение за ладење со два вентилатори. Достапни се до 16 GB LPDDR4x RAM и 512 GB PCIe SSD простор за складирање.
I/O секцијата вклучува Type-C USB 3, Type-C USB 4/Thundebolt порт и Type-A USB 3 конектори, како и 3.5 мм приклучок за слушалки. Лаптопот има поддршка за Wi-Fi 6 и Harman Kardon стерео звучници. Батеријата со капацитет од 54Wh, нуди до 11 часа работа со едно полнење. Лаптопот доаѓа и со 65W полнач.
За софтверската поддршка е задолжен за Windows 10, а Realme ја имплементираше и PC Connect функцијата, која овозможува целосна контрола на компатибилните Realme телефони Realme преку Wi-Fi Direct.
Realme Book има почетна цена од околу 630 долари за Intel Core i3 моделот со 8 GB RAM меморија и 256 GB простор за складирање и достигнува до околу 725 долари за моделот со Core i5 процесор и 16/512 GB конфигурација.
Поврзани артикли