Вечерва на нашето небо ќе може да се види феноменот сина Месечина. Таа е полна и има синкав сјај. Зошто се случува тоа, прочитајте во продолжение.
Сината Месечина е појава на втора полна Месечина во истиот календарски месец и се појавува просек на секои 2,7 години.
Понекогаш Месечината навистина знае како посини и тој феномен е познат уште одамна. На пример, на 27 август 1883 година, било забележано дека Месечината е сина, а истото се случило и на 26 септември 1950 година.
Што ја предизвикува сината Месечина?
Причина за појавата на сината Мсечина се ситните честички прашина во атмосферата. Овие честички ги расфрлаат светлосните зраци, но не сите подеднакво.
Белиот зрак е хетероген, се состои од неколку разнобојни зраци, од кои секоја има своја бранова должина. Најмногу се расфрлаат зраците на најголемата бранова должина на светлината, а тоа се црвените зраци. Затоа кога белите месечеви зраци стигнуваат до нашата атмосфера, повеќето црвени зраци ги расфрлаат честичките од прашина, а до нас стигнуваат зраци со пократки бранови должини, кои се првенствено сини зраци. Затоа Mесечината ни изгледа сино.
Исто така, оние честички прашина што го прават нашиот сателит да посини не се обични честички. На пример, во случајот на сината Месечина од 1883 година, тие стигнале до атмосферата од вулканот Кракатоа и тоа по неговата ерупција. Сината Месечина од 1950 година повторно била последица на честички формирани за време на процесот на согорување, тогаш за време на големите шумски пожари во Канада.
Логично е дека сината Месечина ќе се појавува почесто во месеците кои траат 31 ден, додека невозможно е да се појави во февруари дури и во престапна година, бидејќи и тогаш февруари е пократок од временскиот период потребен за Месечината да ги помине сите нејзини фази.