Сопствениците на мачки кои сакаат да ги фотографираат своите крзнени пријатели сега имаат нов изговор да ги извадат своите смартфони бидејќи со помош на апликацијата Tably можат да откријат во какво расположение е миленичето и дали нешто го мачи.
Канадската компанија за здравствена технологија за животни Sylvester.ai разви апликација наречена Tably која користи телефонска камера за да открие дали мачката осеќа некаква болка.
Апликацијата ја гледа положбата на увото и главата, стеснувањето на очите, напнатоста на муцката и како се менуваат мустаќите, за да открие дали постои некаков проблем.
Едно истражување од 2019 година објавено во рецензираното списание Scientific Reports откри дека таканаречената „скала за гримаси на мачки“ или FGS е валидна и сигурна алатка за проценка на акутната болка кај мачките.
„Апликацијата им помага на сопствениците на мачки да знаат дали нивната мачка има болки или не“, вели Мише Прист, водечки претприемач на Sylvester.ai и додава: „Успеавме да ја обучиме ‘машината’ користејќи компјутерско учење и голем број слики“.
Апликацијата може да им помогне на младите ветеринари кои сѐ уште немаат доволно искуство.
Апликацијата која користи примероци од слики на лица на мачки може да биде корисна, но сопствениците на мачки, исто така, треба да го прегледуваат целото тело на нивното милениче, вклучувајќи ја и опашката, за да најдат траги од нивната благосостојба, препорачуваат ветеринарите.
Мачките кои се загрижени или исплашени ќе ја држат опашката цврста и затегната. Покрај тоа, тука станува збор и за нивното однесување во однос на тоа дали јадат, пијат, остануваат во тоалет и спијат нормално.
Поврзани артикли