Светскиот економски форум (WEF) издвои некои од фактите што се случуваат секоја минута на интернет во 2021 година.
Во светот, за 60 секунди се праќаат 200 милиони мејлови и 69 милиони пораки преку Facebook и апликацијата WhatsApp.
Содржини со вкупно времетраење од 500 часа се објавуваат на YouTube.
На Instagram се објавуваат 695.000 сториња, додека 9.000 врски меѓу луѓето се остваруваат преку LinkedIn.
Tinder го користат два милиони корисници истовремено за една минута. Во меѓувреме, филм или серија на Netflix гледаат 28.000 корисници на оваа платформа истовремено.
200.000 луѓе објавуваат некаква содржина на Twitter, а од друга страна 1,4 милиони луѓе ја гледаат содржината на Facebook. 1,6 милиони долари се трошат секоја минута онлајн.
Повеќе од 330 милиони луѓе лани првпат користеле интернет. Но, речиси 40 проценти од светското население сѐ уште нема пристап до интернет. Ова може да ги направи уште повеќе социјално и економски заостанати.
WEF го започна проектот Edison Alliance, со кој сакаат да придонесат за решавање на овој проблем, и во кој се вклучени владите на држави и компании.