По низа успеси од лансирањето, роверот Perseverance на НАСА не успеа да ги собере првите примероци од површината на Црвената планета.
Станува збор за навистина редок пропуст во досегашниот тек на мисијата, иако сè одеше според планираното. Тим научници анализира што точно се случило при дупчењето на карпите, а истрагата може да потрае неколку дена.
Џенифер Троспер, менаџерка на проектот, вели дека можеби проблемот е во карпата, а не во опремата за дупчење.
Површината на Марс и претходно има правено проблеми, кога Phoenix имаше проблеми со собирање примероци од лепливата површина во 2008 година. Слично искуство имаа Curiosity и InSight во текот на земање примероци од карпи и почва.
Овој проблем не мора да ја загрози мисијата на Perseverance, но НАСА сака проблемите да ги сведе на минимум. Собирањето примероци од површината на Марс е значаен дел од мисијата бидејќи е планиран нивен транспорт на Земјата за да можат научниците да ги истражуваат за можни знаци на живот.
Колку повеќе примероци добие НАСА, толку се поголеми шансите за истражување на минатото на Марс.
Извор: Klix.ba