НАСА ќе започне мисија во која ќе проучува астероид за којшто се верува дека содржи толку драгоцени метали што сите на Земјата би биле милијардери.
Откриен во март, 1852 година 16 Psyche е карпа широка 200 километри. Век и половина од откривањето, астероидот ќе биде во фокус на НАСА. Почетокот на мисијата се очекува во август, 2022 година.
Летало на НАСА би требало четири години подоцна, на почетокот на 2026 година, да пристигне на дадената дестинација. Тоа ќе биде прво истражување на метали наместо на камења и лед.
„За разлика од повеќето други астероиди кои се камења или ледени тела, научниците мислат дека металниот астероид се состои од железо и никел слични на оние кои се наоѓаат на Земјата, сметаат од НАСА.
Астероидот се наоѓа меѓу Марс и Јупитер. Се верува дека е дел од планета уништена од бројни судири со други тела при формирањето на Сончевиот систем. Целта е да се разоткрие мистеријата за потеклото на астероидот.
Научниците на НАСА открија дека површината на астероидот е сочинета најмалку 30 проценти од метали, а и површинските карпи содржат поситни парчиња метали.
Студијата „The Surface of Psyche 16 from Thermal Emission and Polarization Mapping“ е објавена во Planetary Science Journal.
Поврзани артикли