Google пред неколку дена ги објави своите претстојни Pixel 6 и Pixel 6 Pro телефони.
Во интервју за магазинот Spiegel, SVP на уредите и услугите на Google, Рик Остерлох потврди какви цени не очекуваат за овие уреди. Остерлох посочи дека Pixel 6 Pro и Pixel 6 ќе бидат сместени во „скапиот“ и „горниот“ ценовен сегмент.
Pixel 6 и Pixel 6 Pro би требало да ги краси врвен дизајн и ќе ги покренува Tensor чипсетот на Google. Покрај ефикасниот чипсет, линијата ќе ја красат и високи стапки на освежување на екранот, подобрени сензори за фотографирање и леќи на камерата.
Бидејќи телефоните ќе ги красат премиум компоненти, се очекува нивната цена да биде значително над онаа што ја имавме за Pixel 5.
„Ова е важен нов пристап за нас и веруваме дека ќе ни помогне да бидеме атрактивни во новите маркетинг сегменти. Но, Pixel 6 му припаѓа на горниот сегмент и може да се носи со конкурентските производи. Јас би го нарекол главен премиум производ“, истакна Остерлох.
Остерлох не објави други конкретни детали, а само истакна дека Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе бидат објавени во текот на есента.