Во текот на својот Xtreme Innovation настан, Adata објави неколку нови производи, а повеќето од нив спаѓаат во екстремниот сегмент во однос на перформансите.
Тука е новиоѕт SE920 екстерен SSD диск, кој користи USB 4.0 интерфејс и ја имплементира технологијата Thunderbolt 3 на Intel. Thunderbolt 3 е способен за брзини од 40 gbps, и со користење на ова Adata успеа да овозможи брзина на својот SSD до 4000 MB/s.
Компанијата не го објави нивото на капацитет на новите SE920 SSD дискови, а се истакнува дека уредите ќе ги одржува разладени решение развиено од самата компанија Adata.
Adata најави и некои DDR5 DRAM производи, истакнувајќи дека е дизајниран нов премиум XPG модул, кој ќе испорача 12600 MT/s и ќе работи под 1.6V. Во прашање е XPG DDR5-12600 и се работи за најбрз DDR5 DRAM досега направен.
Не се објавени датумите кога новите производи ќе се најдат на пазарот, но се очекува дека DDR5-12600 меморијата ќе биде достапна кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.
Поврзани артикли