Компанијата Oppo ја најави најновата верзија на својата технологија која се однесува на селфи камерата сместена под дисплејот.
Oppo тврди дека новата технологија овозможува поставување на селфи камерата под екранот „без компромитирање на интегритетот на екранот“. За разлика од раниот пристап кој ја намалува густината на пиксели во делот на дисплејот кој се наоѓа над камерата, за да помине повеќе светло, Oppo сега користи помалку пиксели за да ја одржи истата густина од 400ppi, како и во остатокото на OLED панелите.
Резултатот на тоа е дека визуелни разлики помеѓу делот на екранот под кој се наоѓа селфи камерата и остатокот на екранот речиси нема.
Oppo објави фотографија на прототип на смартфон кој користи e-reader апликација, што веројатно е најлошо сценарио за претходните камери под екранот, порафи белата подлога и остриот текст.
Што се однесува до самата камера, Oppo објави и фотографија која го покажува нејзиниот квалитет. Се работи за еден примерок настанат при добро осветлување.
Oppo веќе долго работи на технологијата на камери под екранот, а демонстрацијата е видена на MWC во Шангај во 2019. година.
Поврзани артикли