Веќе имавме шанса да видиме како изгледа Realme Pad, а сега дојавувачот OnLeaks нуди фотографии од таблетот со повеќе детали и во две бои.
Престојниот Android таблет ќе биде достапен во сива и златна боја. Потврдено е дека куќиштето ќе биде изработено од алуминиум, а видлив е и слотот за паметно пенкало до долните звучници и USB-C портот.
Кога станува збор за спецификациите, се очекува дека таблетот ќе има 10,4-инчен дисплеј и селфи камера во десната рамка со 8MP f/2.8 сензор.
Realme Pad ќе има и четири звучници, 6GB RAM меморија и 64GB простор за складирање проширлив преку microSD слот. Батеријата има капацитет од 7100mAh. На задната страна на таблетот има камера од 8MP. Realme Pad се очекува во текот на третиот квартал.