Samsung на 11. август ќе ги претстави своите паметни часовници од следната генерација , а најголемата промена ќе биде преминот од Tizen на Wear OS верзијата со One UI интерфејс. Ќе има и промени во именувањето, па Galaxy Watch4 Classic ќе добие хардверска рамка, додека стандардниот Galaxy Watch4 ќе биде повеќе спортска опција.
Galaxy Watch4 Classic ќе биде поголем, со верзии од 42мм и 46мм, додека стандардниот модел ќе има верзии од 40мм и 44мм. Часовниците ќе имаат иста големина на екранот, од 1,19 инчи за помалите модели и 1,36 инчи за поголемите. Разликата во големината ќе биде заснована на ротирачката рамка.
Двете серии часовници ќе се разликуваат според материјалот што го користат, па Galaxy Watch4 Classic ќе биде повеќе премиум и ќе користи нерѓосувачки челик, додека стандардниот модел ќе користи алуминиум. Двата часовника пристигнуваат со IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, како и MIL-STD-810G за издржливост. За заштита на дисплејот тука ќе биде Gorilla Glass DX.
Кога станува збор за дисплеите, се работи за Super AMOLED панели со резолуција 450 x 450p. Батеријата има капацитет од 247mAh за помалите часовници и 361mAh за поголемите модели, а ќе овозможи до седум дена автономија.
Часовниците ја користат Google Wear OS платформата, со One UI Watch 3.5 интерфејс. Ги покренува Exynos W920 чипсет, кој е креиран посебно за носечки апликации и се комбинира со 1,5GB RAM и 16GB меморија. Ќе постои и опционална 4G конекција, dual band Wi-Fi, Bluetooth 5.0, NFC и неколку GNSS стандарди (GPS, GLONASS, Galileo, Beidou).
Конечно, кога станува збор за функциите за следење на здравјето, тука е SpO2 сензорот, како и ECG (електрокардиограм). Паметните часовници ќе можат и да ја анализираат телесната композиција на корисникот за околу 15 секунди.
Поврзани артикли