Пристигнувањето на FIFA 22 е сѐ поблиску, а компанијата ЕА Спортс го објави новиот трејлер за видеоиграта на кој се прикажуваат поголемите промени во однос на претходната верзија.
Главната промена е всушност новата Хајпермоушн технологија, а со неа доаѓаат и низа други новитети. Како што наведуваат од ЕА Спортс, Хајпермоушн го претставува “најголемото анимациско освежување во историјата на Фифа”, а изгледа дека постои вистина во тоа. ЕА Спортс користел реални професионални фудбалери за да ги сними анимациите во 11 vs. 11 наптревари, а резултат се околу 4.000 нови анимации со 8,7 милиони фрејмови.
ЕА Спортс објави дури статија во Пич Нотес во која се откриваат деталите за многубројните новитети и промени, а помеѓу нив се се секако и подобрената вештачка интелигенција Tactical Al, подобрувањето на голманот и “хуманизацијата на играчите” со која се доловуваат индивидуалните карактери и реакции.
Фифа 22 пристигнува на 1 октомври, а ќе биде достапна на PlayStation 5, Xbox Series X и S Google Stadia.
Поврзани артикли