Realme веќе напорно работи на објавата на својот следен уред, а сега се појавија информации со фотографии и спецификации за овој телефон. Се очекува дека името на телефонот ќе биде Realme 8s, а и покрај тоа што нема 5G брендирање, ова ќе биде 5G телефон.
Кога станува збор за спецификациите, се очекува дека Realme 8s ќе има 6,5-инчен дисплеј (не е познато дали ќе биде LCD или OLED) со брзина на освежување од 90Hz и селфи камера од 16MP. На задната страна ќе се најде главната камера од 64MP.
Телефонот ќе го покренува MediaTek Dimensity 810 чипсет во комбинација со 6/8 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање. Оперативниот систем е Android 11 со интерфејс Realme UI 2.0. Уредот го напојува батерија со капацитет 5000mAh, со поддршка за брзо полнење од 33W.
Realme 8s ќе има и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, верзија во виолетова боја и вкупно три камери на задната страна.