Во март минатата година, OnePlus ги претстави OnePlus 8T и 9R телефоните, кои од старт користеа LPDDR4X RAM. Меѓутоа, судејќи според се, новите верзии на двата телефони користат побрз RAM од LPDRR5 тип.
Не е познато кога OnePlus ги надгради новите верзии на 8T и 9R телефоните со побрз RAM, а од компанијата се очекува ова да го потврди на својот сајт. Спецификациите за 8T и натаму наведуваат LPDDR4X RAM, додека 9R листингот не го споменува типот на RAM меморија.
Оние кои поседуваат некој од овие два телефона и сакаат да проверат дали нивниот 8T/9R има LPDDR5 RAM, можат да инсталираат ADB на својот PC и да ја покренат следната команда со поврзаниот телефон: adb shell getprop ro.boot.ddr_type.
Можно е да се инсталира и Termux апликацијата и да се покрене команда на самиот телефон, само без “adb shell” делот. Доколку повратната вредност е 0, телефонот има LPDRR4X RAM, доколку вредноста е 1, смартфонот има LPDDR5 RAM.
Поврзани артикли