Поминаа повеќе од две години од објавувањето на iPad mini 5 и многумина веруваат дека Apple подготвува нов мини таблет за оваа година. Најновите информации за уредот пристигнуваат од сигурен извор, а според него, новиот iPad mini би можел да има поголем дисплеј и други промени.
Аналитичарот Рос Јанг сугерира дека iPad mini 6 може да има поголем екран во споредба со неговиот претходник. Сегашниот модел има дисплеј од 7,9 инчи, а новиот модел може да има 8,3-инчен екран. Оваа промена ќе биде можна благодарение на промените во дизајнот. Новиот таблет треба да има помали рамки и ќе го отфрли home копчето. TouchID се уште ќе биде достапен и ќе биде имплементиран во копчето за вклучување.
As we published earlier today, iPad mini 6 is 8.3".
— Ross Young (@DSCCRoss) July 26, 2021
Претходно овој месец, аналитичарот Минг-Чи Куо сугерираше дека новиот iPad mini ќе има големина на екран помеѓу 8,5 и 9 инчи. Таблет уредот би можел да има дизајн кој потсетува на iPad Air 4, но без home копче.
На крајот, се очекува дека iPad mini 6 ќе го користи Apple A15 чипот, додека USB-C портот може да биде вметнат наместо Lightning портот. Неодамнешните гласини сугерираа и дека iPad mini ќе користи Mini LED дисплеј, но тоа е сега отфрлено од Рос Јанг.
Новиот iPad mini и натаму се очекува во текот на 2021 година и може да биде достапен во црна, златна и сребрена боја. Се споменува и поддршка за помал Apple Pencil со овој нов таблет.
Поврзани артикли