Лагуна во Патагонија, Аргентина стана розова, а причината за тоа е загадувањето.
Активистите за заштита на околината и експертите тврдат дека промената на бојата на лагуната е поврзана со хемикалии, а миризбата е ужасна.
Бојата потекнува од натриум сулфит, антибактериски производи кои ги користат фабриките за риби, а кои создаваат отпад поврзан со контаминирана вода во блиската река Чубут која се влева во лагуната, Корфо.
Локалните жители одамна се жалеле на миризбата и другите проблеми поврзани со екосистемот.
“Оние кои треба да ја контролираат ситуацијата дозволуваат труење на луѓето”,рекол активистот, Пабло Лада обвинувајќи ја Владата.
Локалното население во знак на протест ги блокира сообраќајниците кои камионите ги користат за превоз на обработениот рибен отпад. Дневно поминуваат десетина камиони.
Меѓутоа, властите тврдат дека бојата не е штетна и дека ќе исчезне за неколку дена.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли