Twitter воведува можност што ќе им овозможи на корисниците да променат кој може да одговори на некој твит, откако ќе го објават. Веќе постоеше можност да се ограничи кој одговара на твитовите благодарение на функцијата претставена во август, но со новото ажурирање, корисниците на унапреден начин ќе го намалат вознемирувањето.
Функцијата за одложување на одговорите сега ќе биде достапна ширум светот на iOS и Android уредите. Доколку корисниците сакаат да ја променат опцијата кој може да одговори, можат со клик на менито со три точки на твитот да ја побараат таа опција. Во поставките има предлози да можат да одговорат сите, само оние што ги следат корисниците или само лицата кои се споменати во твитот.
Новата опција е пример за тоа како Twitter работи на тоа да им пружи на корисниците поголема контрола над тоа кој може да стапи во интеракција со она што го објавуваат. На 1 јули, Twitter претстави неколку идеи за кои смета дека би можеле да им пружат на корисниците дополнителна контрола над нивните Twitter профили и кои значително би го намалиле нивното вознемирување
Поврзани артикли