Откако се позиционираше како главен снабдувач на заштитно стакло за дисплеите на телефоните, Corning сега го донесува Gorilla Glass и на камерите на уредите.
DX и DX+ линијата стакло на компанијата отпорна на оштетување како заштита за леќите на камерите на мобилните уреди, почнувајќи од смартфоните на Samsung.
Според наводите на Corning, DX стаклото овозможува и помалку светлина да биде рефлектирана од страна на капакот за леќите на камерите. Моментно, дури и кога се користи слојот што го спречува отсјајот, околу 92 проценти од емитуваното светло влегува во камерата на телефонот. Corning истакнува дека со DX/DX+ стаклото, леќата ќе може да прими 98% светло.
Покрај тоа, компанијата нуди и дополнителна заштита, а Corning веќе има добри односи со најголемите производители на пазарот, така што новото стакло може да се очекува на идните премиум теелфони.
Corning истакнува дека DX стаклото е отпорно на гребнатини, додека DX+ стаклото е со приближна издржливост на сафирот кој се користи во премиум часовниците, благодарение на деветтото ниво на издржливост на Мосовата скала.