За да што порано се вратиме во понормален живот, потребно е стекнување на колективен имунитет на коронавирусот, што ги инспирираше научниците за време на пандемијата да спроведат бројни студии за влијанието на различните социјални, бихевиорални, културни и други фактори врз варијабилноста на вакцинацијата.
На една од тие студии е откриено дека луѓето кои одбиваат вакцинација во просек имаат пониски когнитивни способности, односно помало ниво на интелигенција. Студијата беше спроведена на Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Единбург од тим тим научници, претежно епидемиолози и психолози, откако успешно беше тестирана вакцината АстраЗенека.
Тие ја тестираа поврзаноста на резултатите од серија тестови за интелигенција и двоумење кон вакцинацијата, врз основа на извештаи за сопствените ставови.
Една недела непосредно по објавувањето на резултатите од успешното тестирање на првата ефективна вакцина во периодот ноември/декември 2020, беа собрани податоци за намерите на 11.740 лица (6.702 жени) на возраст од 16 до 95 години.
Резултатите од тестовите на општите когнитивни функции беа утврдени врз основа на шест теста собрани во главното истражување „Разбирање на општеството“, пред почетокот на пандемијата.
Меѓу учесниците во студијата, околу 17,2 проценти или 1.842 испитаници, изјавија дека се двоумат околу вакцинацијата.
Авторите ги исклучиле можните влијанија на возраста, полот и етничката припадност, како и направиле приспособувања за менталното и физичкото здравје и за статусот на заштита на домаќинствата кои немале влијае врз резултатие. Што се однесува до степенот на образование, тој влијаел врз двоумењето (пообразованите помалку се двоумеле), но дури и кога го искличиле неговото влијание, веројатноста за влијанието на интелигенцијата врз двоумењето останала значителна.
Науката пронаоѓа корелација помеѓу коефициентот на интелигенција и степенот на образование, и тоа во двете насоки. Не само што луѓето со повисоки когнитивни способности во просек постигнуваат повисоки академски достигнувања, туку истражувањата покажаа дека секоја година образованието го зголемува IQ за околу три поени.
Авторите открија дека постои линеарна асоцијација на колебливост кон вакцинацијата низ целиот спектар на когнитивни резултати. Односно колку се помали когнитивните способности на учесниците, толку е поголема нивната нестабилност.
Сепак, научниците во својата работа, истакнуваат дека нивното истражување има едно важно ограничување, а тоа е дека се заснова на изјавите на луѓето за нивните намери, а не на нивното вистинско однесување. Поточно, авторите немаат информации кој од учесниците навистина се вакцинирал.
Поврзани артикли