Motorola ја подготвува Edge 20 линијата телефони, која наводно ги вклучува моделите Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite. Првите два модели се забележани на TENAA листингот на почетокот на овој месец, со фотографии и некои карактеристики. Сега се појавија рендери за глобалниот модел Motorola Edge 20.
Меѓународната верзија на Motorola Edge 20 има 6,7 инчен дисплеј со тенки рамки од трите страни, иако изворот на фотографија тврди дека рамките во живо би можеле да бидат поголеми од она што го покажуваат рендерите. Екранот ќе има FullHD+ резолуција, освежување од 120Hz и punch-hole за селфи камерата од 32MP.
Од задната страна се очекуваат три камери, со главен сензор од 108MP, како и 16MP и 8MP сензори. Претходните информации сугерираа дека сензорот од 16MP ќе биде ултраширок, додека камерата од 8MP ќе биде телефото и ќе има 3х зум.
Edge 20 ќе има копчиња за јачина на звук од десната страна на рамката, каде што ќе биде сместено и копчето за вклучување. Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа во копчето за вклучување. На дното на куќиштето се наоѓаат USB-C порт, микрофон и слот за SIM-картичка, додека од горниот дел има секундарен микрофон. Телефонот нема 3.5мм приклучок.
Motorola Edge 20 се очекува да користи Snapdragon 778G чипсет, со 6 GB или 8 GB RAM и 128 GB или 256 GB простор. Уредот ќе го напојува батерија со капацитет од 4000mAh.