Група научници откри древни вируси од два примероци на мраз земени од Тибетската висорамнина во Кина. Повеќето од вирусите не се слични на ништо познато досега.
Откритието е објавено во Microbiome, а вирусите потекнуваат од ледени јадра земени во 2015 година, а за кои научниците тврдат дека почнале да се замрзнуваат пред најмалку 14.400 години.
„Тие глечери се создавале постепено, заедно со прашина и гасови, па многу вируси се таложеле во тој лед“, вели Џи Пинг Џонг, главен автор и истражувач од државниот универзитет Ohio Byrd Polar и Центарот за климатски истражувања.
Кога го анализирале ледот, научниците пронашле генетски кодови на 33 вируси. Од 33, генетскиот код за четири покажал дека се дел од семејство вируси кои обично инфицираат бактерии. Останатите биле нови, значи претходно никогаш не биле идентификувани.
Научниците истакнуваат дека веројатно вирусите не потекнуваат од животни или луѓе туку од билки или почва. Исто така велат дека половина преживеале поради мразот.
„Тоа се вируси кои би успеале во екстремни опкружувања, тие вируси имаат гени кои им помагаат во зараза на клетки во студено опкружување“, вели Метју Саливан, еден од авторите на студијата.
Саливан вели дека технологијата користена за проучување на микробите и вирусите внатре во ледот ќе доведе до барање слични генетски секвенци во други екстремни ледени средини, веројатно на Марс.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли