Кога станува збор за вградениот простор за складирање на телефоните, 512 GB е една од почестите опции. Постојат и ретки смартфони кои нудат 1TB простор за складирање, и се чини дека на тој клуб може да му се приклучи и Apple.
Аналитичарите на компанијата Wedbush сугерираат дека iPhone 13 оваа година ќе има верзија со 1TB интерна меморија. Ова не е прв пат да слушаме за такви информации. Кон крајот на минатата година, дојавувачот Џон Просер ја сугерираше оваа конфигурација за iPhone.
Засега нема официјална потврда од Apple за опциите за складирање на iPhone 13 моделите, па ќе мора да почекаме до есен за да дознаеме повеќе детали.
Имплементирањето на просторот за складирање од 1TB сигурно нема да помогне во тоа цената на iPhone 13 да биде прифатлива. Моментно најскапата конфигурација на iPhone има цена од околу 1.400 долари, а додавањето на 1TB простор ова сигурно ќе го зголеми на околу 1.800 долари.
Поврзани артикли