Се очекува дека Samsung Galaxy Z Fold3 флексибилниот телефон ќе биде претставен во текот на август, а досега веќе дознавме речиоси се за уредот преку протечени информации. Сепак, новите детали сугерираат добри вести за гејмерите и оние кои извлекуваат максимум од хардверот.
Според наводите на дојавувачот @IceUniverse, Galaxy Z Fold3 ќе има подобрени карактеристики за управување со ладењето. Со други зборови, теелфонот ќе има подобро спроведување на топлината, а се сугерирта дека ќе ги надмине и можностите кои ги нуди Galaxy S21 Ultra.
Исто така, според гласините, може да се очекува добар работен век на батеријата. TENAA сертификатот претходно потврди дека смартфонот ќе има 4400mAh батерија, за 100mAh помалку отколку кај Z Fold2 моделот.
Дојавувачот сугерира дека сето ова се однесува на Snapdragon 888 варијнатата на Z Fold3 телефонот, што укажува и на постоење на верзија со Exynos чип. Се очекува дека Samsung Galaxy Z Fold3 би можел да биде претставен на 11. август, заедно со уште некои други уреди.
Поврзани артикли