Google Chrome 92 им стана достапен на корисниците, а пристигнува со неколку поодбрувања. Меѓу нив е филтрирањето на Bluetooth уреди, PWA подобрувања и друго. Google објави и детали за функциите за приватност и сигурност, кои пристигнуваат со новата верзија на Chrome.
Корисниците на Chrome веројатно забележале дека некои веб-страници бараат дополнителни дозволи како што се микрофон и локација. За да можете да следите кои дозволи ги користи веб-страницата, можете едноставно да кликнете на иконата со катанец во полето за адреса, која сега прикажува ажуриран панел со дозволи одобрени од корисникот. Моментно оваа функција е присутна само на телефоните и таблет уреди со Android. Google истакнува дека идните подобрувања ќе вклучуваат можност за бришење на веб-страници од историјата на прелистување.
Подобрувања добиваат и Chrome Actions. Оваа функција е достапна од Chrome 87 верзијата од ноември 2020 година и им овозможува на корисниците да извршуваат акции како што се бришење историја или колачиња директно од полето за адреса на прелистувачот. Сега функцијата добива нови опции, како што е можноста да напишете „безбедносна проверка“ за да ја потврдите безбедноста на лозинката и да проверите дали има малициозни екстензии. Другите дејства вклучуваат управување со безбедносните поставки и управување со синхронизацијата.
На крајот, во областа на безбедноста, Google го проширува Site Isolation на Chrome. Ова нуди можност за изолирање на сajtovite и екстензииte едни од други, така што малициозни екстензии или страници не можат да крадат кориснички податоци од други страници. Функцијата се проширува за да покрие повеќе веб-страници и екстензии.
Поврзани артикли