Британскиот милијардер Ричард Бренсон му честиташе на Џеф Безос на летот во вселената, оценувајќи го како импресивен.
„Одлична работа направена од Blue Origin! Џеф, Марк, Вели и Оливер – импресивно! Се најдобро до целата екипа од мене и мојот тим во Вирџин Галактик“, напиша главнит „ривал“ Бренсон на Твитер, кој полета во вселената на 11 јули.
Најбогатиот човек на светот денес со својот екипаж изврши успешен лет до работ на вселената.
На бродот со Безос биле братот Марк, авијатичарката Вели Фанк (82) и тинејџерот кој неодамна го завршил средното училиште Оливер Димен (18), како најстара и најмлада личност што стигнала до вселената, пренесува Би-Би-Си.
Вселенската посета на Безос се случи само девет дена откако Брансон полета во вселената со свој ракетен авион.
Станува збор за жестока конкурентска битка помеѓу компанијата на Безос, Blue Origin и онаа на Бренсон, Virgin Galactic, кои се обидуваат да го искористат потенцијално профитабилниот пазар за вселенски туризам, кој, според проценките на швајцарската банка УБС, ќе вреди околу три милијарди долари годишно.
Извор: Novosti.rs
Поврзани артикли