Компанијата за производство на беспилотни летала MartinUAV на Американската морнарица ѝ испорача радикален дрон V-Bat. Тестирањата со беспилотното летало се започнати на Атлантскиот Океан.

Станува збор за дрон наменет за надзор, борба, GPS мапирање и други задачи. Може вертикално да се крева по што лесно врши транзиција во хоризонтален лет. Во било кој момент може да стои во воздух на место.

V-Bat има можност да лета 8 часа, а во првите тестирања летал до висина од 4.500 метри по што успешно се приземјил. Во една од бројните демонстрации успешно е приземјен на покрив на камион во движење, што укажува на неговите исклучителни маневарски способности.

Освен за потребите на американската морнарица и војска, ќе се користи и во мисии против шверц со дрога. Меѓу интересните одлики на дронот, MartinUAV истакнува дека леталото автономно се крева и слетува, има оперативна брзина на лет од 166 километри на час и различни можности на погон на електрична енергија, бензин и авионско гориво.

Ќе биде интересно да се види како приказната за V-Bat ќе еволуира во наредните години.