Twitter корисниците наскоро ќе добијат можност да влегуваат на својот налог со пријава преку Google профилот, со пристапување преку апликацијата на Android уредот. Twitter Beta build за Android сега овозможува логирање на Twitter профилот со користењето на функцијата на Google за пријава.
Оние кои се уште немаат Twitter профил, можат да ја користат sign-in опцијата на Google за креирање на нов налог. За оние кои моментно имаат Twitter профил, кој е веќе поврзан на Google налогот (@gmail.com), веќе е овозможен влез додека нивниот мејл е логиран на Android уредот.
Опцијата за влез со Google профил е моментно активна на Twitter верзијата 9.3.0-beta.04, за оние корисници кои му се приклучиле на Twitter Beta каналот преку Google Play Store.