Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија Mologic Ltd која разви брз, десетминутен тест за откривање на коронавирусот, објави Financial Times.
За извршување на аквизицијата, конзорциумот го формираше социјалното претпријатие Global Access Health (GAH) чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија.
Членовите на GAH, како што е наведено, се подготвени да инвестираат над 41 милијарда долари за финансирање на аквизицијата. Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на Mologic.
We're pleased to announce the launch of Global Access Health following our acquisition. This transition expands Mologic’s capabilities to provide affordable #diagnostics to countries left underserved. Read more here: https://t.co/yDRWrFaVoL @gatesfoundation @OpenSociety pic.twitter.com/XwFKfn6beP
— Mologic (@mologic) July 19, 2021
„Пандемијата на Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравство, а особено клучната важност на пристапот до дијагностички алатки за спасување живот. Во оваа единствена трансакција, филантропските фондови и инвеститорите работат заедно за да се справат барем со дел од овој недостаток, овозможувајќи најсовремената трговска компанија да ги насочи сите свои ресурси кон решавање на еден од најитните светски проблеми со јавното здравство, рече Шон Хинтон, извршен директор на СЕДФ.
Mologic неодамна доби милион фунти од британските власти за развој на тестови за Ковид-19, но подоцна ја обвини владата дека ја „цементира“ употребата на тие тестови во матичната земја.
Генералниот директор на Mologic, Марк Дејвис го поздрави договорот за аквизиција, истакнувајќи дека тоа значи трансформација на неговата компанија во социјално претпријатие, што тој го оцени како „промислен, логичен и природен чекор насочен кон обезбедување прифатлива дијагностика и биотехнологија на местата што се маргинализирани во немилосрдната трка за профит“.
Поврзани артикли